петок, 9 мај 2008

Интересен Сајт

Долго време немав пишано па се решив пак да пишам . Сакам да ви кажам еден неодамна отворен сајт http://informaticari.net тој е нов проект кој го започнав неодамна па секој кој е заинтересиран можи да го посети да се регистрира и патем нешто да научи да се дружи и да се забавува
Поздрав

среда, 19 март 2008

Дали напредокот во науката и технологијата претставува вистинска закана за човештвото или пак претставуваат благодет за него?

Тешко е да се даде одговор бидејки аргументите за и ротив се толку многу испреплетени меѓу себе што е доведува до ситуација во која е многу тешко денешниот човек да заземе страна.

Да замислима да се вратиме во минатото и тоа не многу далеку само двестотина гоини назад и да ги погледнеме опасностите што постоеле тогаш. Луѓето во осумнаесетиот век воопшто не би можеле да замислат оружје способно за уништување на целото човештво. Тие најверојатно би ве направиле луд доколку за самата помисла на таков изум и би сметале дека производство на такво оружје е преголем ризик за самото човештво.

И тогаш да погледнеме на денешницата и на страдањата што подоцна се случија, 100 милјони животи изгубени во двете светски војни и сето тоа како резултат на технологијата и нејзиниот напредок. И замислете да отидете кај истите луѓе и да ги запознаете со случувањата што следувале дали тоа би ја променило денешната ситуација. Можеби и би одбрале друг пат, пат кои би ја заобиколил технологијата и нејзиниот брз и неконтролиран напредок се со една цела да се спасат дел од жртвите на таквиот напредок.

Најверојатно ваквиот неконтролиран раст на технологијата би престана само во свет во кој ке има доволно благосостојба и технолошки можности што би ја изгубила гладта на човекот за нови технологии чии последици никој не може да ги предвиди. Но дали таков свет може да се создаде ?

Создавањето на ваков свет најверојатно би се основало на теоријата на тоталитаристичко општество во кое владата би ја употребила технологијата за да забрани понатамошен развој на технологијата, теорија многу слична на онаа изнесена во книгата Храбар нов свет од авторот Адолкс Хаксли.

Доколку изборот на нашите предци бил токму ваков вид на општество многумина од нас воопшто и не би постооеле денес како резултат на животниот век кој би останал на нивото од пред двестотини години. Понатаму би трошеле премногу време на секојдневните обврски како припремање на вечера, превозотт од дома на работа итн. Мнозинството од луѓето денес би се спротиставиле на таквиот начин на живот и би го одбиле доколку денес им го понудите, без разлика што би ги одбегнале опасностите кои ги носи модерниот живот на денешницата.

И колку и да технологијата со себе носи ризици фактот дека таа го ослободила човекот од голем дел од потешкотиите кои ги срекава во секојдневниот живот е тој кој допринесува двете страни на равенката да останат изедначени. И покрај сите достигнувња досега човекот дури сега се наоѓа на прагот на едни од најголемите откритија. Биотехнологијата неизбежно ќе доведе до посовршени лекови, клонирање на клетки и органи а сето тоа ке допринесе многу животи да бидат спасени. Понатаму Нанотехнологијата ке ни ја даде можноста за создавање на било кој производ. Во комбинација со другите технологии кои се во пораст би ни ја дале моќта да ја намалиме сиромаштијата во светот која претставува најгорлив проблем на денешницата.

И како што многумина и предвидуваат истите овие технологии ке бидат употребени и во дестрктивни цели, а како што минатаото не научило нема сомнение дека тоа ќе се случи. Секако треба да имаме на ум дека пропорционално со деструктивните технологии ке се развиваат и технологии кои ќе ни овозможат одбрана од истите.

Како пример може да се земе денешниот компјутерски вирус кој претставува првото не биолошко суштество кое е способно за саморазмножување. Пред неколку децении кога за првпат се појави компјутерскиот вирус тој беше способен за целосно уништување на компјутерскиот систем во кој живее. Одбранбениот систем кој беше создаден како одговор на предизвикот беше повеќе од успешен. Но мора да имаме на ум дека доколку денешен компјутерски вирус го нападне тој систем, системот би бил поразен, а од друга страна денешните системи се и тоа како отпорни на денешните вируси. Токму овој пример го доказува паралелниот напредок на добрата и лошата страна на технологијата со што двете страни од равенката остануваат изедначени.

Дали развојот на биолошкото и хемиското оружје нема да доведе и до негова злоупотреба од страна на терористи и одредени влади ?

Да, секако дека ке се најде некој кој ќе посака да ги злоупотреби за сопствени цели, но нивното забранување би било деструктивно и не би довело до решавање на проблемот.

Нанотехнологијата денес е производ на минитуријазицијата што се случува во скоро секој гранка натехнологијата. Технолошките пронајдоци денес во сите форми како што се електрониката, механиката, биологијата и др. ги намалуваат своите димензии и тоа со неверојатно темпо од 5.6 на секои десет години. Неизбежниот резултат на ваквото намалување секако ќе биде нанотехнологијата.

И доколку се одлучиме да преземе еден таков радикален чекор и да ги прекинеме сите истражувања на тоа поле, како би им соопштиле на милионите луѓе во светот кои боледуваат од рак, дека не сме во можност да им ги спасиме животите. Со отфрлувањето на технологијата нема да бидат погодени само болните од рак, туку билиони од луѓе во наплив на болести и сиромаштија на кои во спротивност би биле способни да им помогнеме.

Обидот за отфрлање на овие технологии не само што ке доведе до застој во медицината и другите области, туку и ке продолжи да се одвива тајно без никаква етика и контрола што ќе има многу пострашни последици по самото човештво.

Клонирање за или против?

Иако овој пробле за сега изгледа далечен бидејќи сеуште сме далеку од успешно клонирање на човечкиот вид има неколку клучни точки зашто треба да бидеме загрижени околу оваа тема. Еден од најголемите проблеми е дека клонирањето луѓе би им дало можност за владите и големите корпорации да клонираат свои сопствени армии кои би биле способни да се борат во бесконечни војни или да произведат совршени бебиња кои ја одзимаат нашата единствена индивидуалност како човечки суштества. Понатаму владите би биле способни за клонирање на поединци кои имаат различни политички убедувања или уште пострашно да ги употребуваат клонираните поединци за измами и завери.

Доколку им биде овозможено на владите и големите корпорации да клонираат луѓе, човекот ако поединец би бил преслаб да им се спротистави што би довело до нивна неограничена моќ.Уште пострашно од ова би била можноста родителите да прават клонирање на своите деца се со цел да ги направат подобри и да можат да го изберат нивниот пол уште пред тие да бидат родени. Ова би донело до губење на идентитетот на тие индивидуи, а сметаме дека токму идентитетот е тоа по што се разликуваме и што не прави луѓе.

Аргументите против клонирањето луѓе не престануваат тука:

- Клонирањето е неетички

- Со клонирањето се губи генетската разноликост

- Клонирањето би можело да произведе уште еден Хитлер или Садам

- Клонирањето би довело до пренаселеност

- Би го уништило концептот на семејство и др.

И покрај многуте негатвни страни на клонирањето мислам дека самото клонирање може да не доведе до одговор на многу прашања кои секојдневно се соочуваме. Научниците се надеваат дека клонирањето може да биде искористено за генерирање ткива и органи за трансплатација. Би можело да ни даде одговор зашто некои клетки како што се нервните не се размножуваат или пак зашто клетките во туморот и ракот безпотребно се размножуваат. Како може стерилна жена да има бебе од нејзиното сопствено тело, користејќи клетки од нејзините органи? Дали би мжеле да ги спасиме загрозените видови наживотни од истребување и со тоа да го задржиме еколошкиот баланс?

Ова се прашања кои многу научници веќе подолго си ги поставуваат и мислам дека треба да бидеме повеќе информирани околу самото клонирање и да ги подржиме овие луѓе во нивната желба да ни ги подобрат животите. Како и да е мислам дека сите треба да бидеме екстремно внимателни кога станува збор за клонирање бидејќи линијата помеѓу доброто е многу тенка и честопати ја преминуваме и без да знаеме дека сме ја преминале.

Роботи за или против?

Уште од шеесетите години на деветнаесетиот век се употребуваат роботи во различни цели најчесто во индустријата и производството. Сега после 40 години дојде време да се оствараат предвидувањата дека роботите ке ги има насекаде па дури и во домаќинствата како дел од секое семејство.

Иако ваквите персонални роботи создадени со цел да го олеснат животот и да ни помогнат восекојдневните обврски како што се готвење, чистење, работа..., звучат фантастично треба да се запрашаме дали ако роботот може да не замени нас дома тогаш истиот тој робот ке може да не замени и на работа? Како прво, ако добро размислиме роботот е направа која не се уморува, чија способност за физичка работа е далеку поголема од нашата, а и може да работи неограничено долго без да се жали. Ваквите суперспособности на роботот во однос на нас луѓето би довело до нагло заменување на работниците низ целиот свет со роботи кои не би биле оптребно да ги плаќаме месечно. Единствената пречка за ваквото масовна замена на луѓето со роботи е нивната прескапа цена која би паднала кога би дошло до нивна масовна продукција. Повеќе од сигурен сум дека поголемиот дел од компаниите би одбрале робот пред човек доколку таков избор им биде понуден.

Последиците од вакво нешто се повеќе од очигледни.

Луѓе би останале без работа, би станале мрзливи, би изгубиле пари што би довело нагло покачување на криминалот. Што луѓето би правеле со своите животи кога роботите би правеле се за нив. Дали ова би довело до пад на човештвото.

Замислете огромни армии од роботи, колку би било лесно да се создаде совршен војник.

Помислете како луѓето би можеле да ги репрограмираат роботите да извршуваат грабежи, да убиваат ...

Дали воопшто да бидат произведени. Многу прашања на кои одговор сеуште немаме.

И на крај би сакал да се спротиставам на фактот дека роботите се подобри од луѓето како што многу луѓе во светот сметаат. Мислам дека ваквиот пристап на проблемот е бесмислен. Доколку продолжиме со таков пристап би се довеле во ситуација во која самите себе би требале да се замениме со роботи. За крај антихуманоидни роботи донекаде и има смисла, но антихуманоидни луќе по малку е и смешно.

петок, 7 март 2008

Џеј Ло на People : Не викајте ме така!

Џенифер Лопез не само што ги продаде нејзинате слики од бебината на магазинот People за коол $6 милиони -- таа исто така се договори со магазинот да престанат да ја викаат Џеј Ло!

Најнови Вести од Светот и Македонија

Утрински Весник